Во пораст врсничкото насилство меѓу учениците

Зголемен број на  случаи на врсничкото насилство во Охрид. Последниот, во кој  тројца малолетници му нанесоа телесни повреди на соученик во близина на училиштето го вклучи алармот.

Психолозите велат, булингот се јавува  во сите форми, психолошко, физичко,и сајбер насилство.Причините се  намалената  емпатија  и ниската  емоционалната интелегенција  кај децата и адолесцентите.

– Најжално е што младите како модел веќе го прифатија по лесниот начин.  Да бидеш населни за да бидеш лидер. Имитацијата, агресијата се должи на кумулиран бес, кумулирана фрустрација, неспособност, можам да кажам, да ги решаваат проблемите или она  што се случува на начин кој што е прифатив., вели Анастасија Настоска психолог.

Загрижува тоа што булингот е присутен и во  најрана возраст , а најмногу кај адолесцентите. Социјалните мрежи им станаа орудие.на насилниците, а повлечените и срамежливи деца  тивки жртви.

–  Значи, децата кои не имаат толку сигурност во себе и лично сметат дека не можат да се справат со посилните, тие најчесто се мета.  Најлошото е што тука го спомнав во почетокот, сајбер, тие покрешто го прават насилството, тие го поставуваат на социјалните мрежи. Тоа е уште полошиот момент, вели Настаска.

Најважно  во борбата со булингот   е рано откривање и навремена реакција од страна на сите институции.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани