Премиера на краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“, ќе се одржи во сабота, 25 октомври 2025 година, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во Големиот амфитеатар.
– Влез од 19:30 часот
– Проекција од 20:00 часот
– Филмот ќе има превод на англиски јазик
„Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство.
Филмот е мој обид да ја раскажам човечноста што често не ја забележуваме, да покажам дека херојството може да биде тивко, обично, но длабоко човечко.
По проекцијата ќе следи дискусија и Q&A, со Ѓоко Симјаноски како модератор,
а пред проекцијата ќе биде поставен инфо-штанд на Црвен Крст Охрид за сите кои сакаат да дознаат повеќе за крводарувањето.
