Еколошка едукација кај младите

Засилено да се работи на еколошка едукација особено кај младите. Ова е мисијата на невладината организација  „Биодиверситет за сите“.

Се организираат интерактивни работилници во природа, а  фокусот се децата и младите. Целта е  еколошка едукација во  природа за децата  од најмали нозе да се учат да ја чуваат и сакаат природата.

-Веќе одреден период, неколку месеци активно спроведуваме еколошка едукација, претежно на дечињата од градинка, од 5  до 11 години. Сметам дека тоа е најбитна возрасна  категорија која треба уште од најмали нозе  да се едуцираат за сето оно што не опкружува, за природните вредности и пред се  да знаат зашто е значајна  еколошката едукација. За жал да, околу нас се соочуваме со многу лоша слика секојдневно во природата, сето на што ни се случува околу нас.  Не само отпадот со кој сме опкружени, туку и изградбата на нелегални објекти, хидроцентралите  и останато, сето тоа е резултат на недоволна еколошка свест, вели Ангела Тасеска еколошки едукатор.

Еколошката едукација опфаќа всадување на љубовта кон живиот и растителниот свет во природата.

-Мислам дека секој од нас треба да биде свесен за последиците, не само по здравјето,  тоа  значи врз целокупниот  биодиверзитет, сето тоа   кај нас ќе се согледува допрва и секој од нас треба да превземе нели чекор да се сменат работите.Свеста ни е премногу ниска, затоа, јас како што напоменав, сето ове е резултат на недоволна еколошка едукација од најмала возраст. Во иднина активно продолжуваме сорганизирање на работилници за деца во природа.  Сметам дека играта, престојот на децата додека растат, треба да биде токму  во природа. Не само поради тоа што природата има големи придобивки во здравјето, во развојот на децата, туку едноставно, децата најдобро учат преку игра во природа, им се буди  љубопитноста, креативноста. На моите работилници, децата буквално се поврзуваат со природата, истражуваат, учиме да не се плашат од ништо  во природата,  додава Тасеска.

Екологијата не е само фрлање отпад, тоа е една посебна наука и треба да се посвети едно големо внимание на еколошката едукација, вели Тасеска, според неа еколошката едукација треба  да биде засебен предмет во формалното образование, за создавање на нови генерации кои ќе ја сакаат природата.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани