Поради избегнување на гужва во сообраќајот, Ве молиме патниот правец „Ќитано плевне – Бебекој“ да се користи едносмерно во наведениот правец, односно од Ќитано плевне кон Бебекој а за враќање да се користи правецот „ Бебекој-Ќитаној-Шутиној“.
Ве молиме особено да се придржувате на оваа насока на движење со превозни средства во Сабота ( за Задушница )
Ова може да важи се додека се работи на патот „Зелен пазар-Бебекој“.
Благодариме на разбирањето, информираат од општина Вевчани.
