Во понеделник, на 3-ти ноември 2025 година, Општинската изборна
комисија – Охрид свечено ќе ги врачи уверенијата на избраните локални
функционери во првиот круг на Локалните избори, кои се одржаа на 19-ти
октомври 2025 година.
-10:00 часот – Врачување на Уверението за избор на градоначалник на
Општина Охрид, на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков, за
претстојниот четиригодишен мандат. Настанот ќе се одржи во кабинетот на
градоначалникот.
-12:00 часот – Доделување на уверенијата на новоизбраните советници на
Општина Охрид, во Големата сала на Општина Охрид.
-13:00 часот – Конститутивна седница на новиот состав на Советот на
Општина Охрид, која ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања.
2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Охрид.
3. Избор на Претседател на Советот на Општина Охрид.
