Малолетници организирале огномет

Малолетници организирале огномет.

-На 31.10.2025 во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и правен застапник,  извршени се службени разговори со двајца малолетници од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на плоштадот „Мини маркет“ во Охрид организирале огномет. Имнео, по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека малолетниците сториле прекршок по член 32 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со неовластено организирање на огномет и на тој начин ја загрозиле личната и безбедноста на други малолетни лица, присутни на настанот. Притоа, кај еден малолетник полициските службеници пронашле и одзеле 12 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани