Распишан конкурсот за доделување на највисокото општинско признание наградата за животно дело Свети Климент.
Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година.
Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.
- Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
- Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор.
- Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.
- Наградата „Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
- Конкурсот трае 15 календарски дена сметано од денот на објавувањето.
- Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се достават на адреса: ул. „Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”).
Распишан конкурсот и за доделување на Повелба Свети Климент.
Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишува:
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”
По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
- Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
- Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
- Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
- Конкурсот трае 15 календарски дена од денот на објавувањето.
- Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
- Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.„Димитар Влахов” бр.57, со назнака:
За Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)

