Подобрени условите во објектот „Росица“

Создавањето подобри и побезбедни услови за нашите деца е еден од моите највисоки приоритети, пишува градоначалникот Кирил Пецаков, при денешната посета на овјектот Росица, каде се реализираа повеќе зафати за подобри услови за децата.
-‎Денес го посетив објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, каде што направив увид на реконструктивните зафати што се реализираа во текот на изминатиот период.
‎Реализирани се следните активности:
‎ -реконструкција на подовите во занималните и холот,
‎-целосно молерисување во сите занимални, ходници и хол,
‎-поставени се нови плакари за детските креветчиња во сите занимални,
‎-во тек е реконструкција на санитарните јазли.
‎И понатаму ќе продолжиме со вакви инвестиции, со цел да обезбедиме подобри услови за згрижување на најмладите, вели градоначалникот Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани