Општина Охрид ќе донира 150 000 денари за лекувањето на Ивица Попоски

Општина Охрид ќе донира за лекувањето на Ивица Попоски.
Секогаш сме тука да подадеме рака таму каде што е најпотребно. За таа цел средствата собрани од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки, напиша градоначалникот Пецаков.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство.
Доколку сте во можност да помогнете донациите може да се уплатат на:
➡Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653
➡Девизна сметка 02-307-0699762.3
➡Отворени се и телефонски линии за донации:
➡Број за донација Телеком Мк 143107
➡Број за донација А1 143474
Средствата собрани од турнирот „Ohrid FREED 2025“ кој беше во организација на ЈП „Билјанини Извори“ ги доделуваме 50.000д енари на Здружение за воспитно образовна психо-социјална поддршка; ВОПС – Поддршка Охрид и 50.000 денари на Здружение на лица со дијабет Тип 1.
Верувам дека овие донации ќе помогнат во реализацијата на нивните благородни мисии.
Продолжуваме со поддршка на сите оние кои работат за подобро утре, информираат од општина Охрид.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани