Стружанецот Ердал Лушо, кој со својата едрилица чекаше поволни временски услови за да тргне од Портимао, Португалија, кон Карибите, конечно заплови. На картата се гледа каде е во моментов (линијата со стрелки).
Тој вчера на неговиот инстаграм профил објави видео во кое вели:
-После 4 години спремање, ни останаа 16 часа до старт. Гужва е пред едрилиците, сите се спремаат, возбудени, некои се и загрижени ама ќе биде добро.
Денеска Португалија ја зафати бурата Клаудија во која загинаа три лица, но веројатно таа не дува во најјужниот дел на Португалија од каде Лушо требаше да тргне.
Сега не е достапен, бидејќи се наоѓа во водите на Океанот, пренесува МИА.
