Одбележана 110 годишнина од страдањето на српските момчиња во Првата светска војна

Во организација на „Здружението за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија” и Српското здружение Коштана од Охрид,  во атарот на селото Рамне во близина на Охрид се одржа комеморација посветена на страдањето на 400 српски момчиња – воени заробеници од периодот 1915-1916 година. Комеморациjата се одржа покрај остатоците од спомен-костурницата „Четиристотини”, на местото каде што е извршено едно од најтрагичните злосторства врз невините српски регрути во Првата светска војна.  Како почесен конзул на Р.Србиjа во Р.Македониjа со седиште во Охрид, заедно со почитуваните: претставник на Амбасадата на Р.Србиjа во Македонија, г-ѓа Лилјана Шубиќ и членови на српски здруженија, им оддадовме почит на жртвите со положување венци, оддавање почит со минута молчење и одржување панихида со почитуваниот свештеник на Македонската православна црква, информира Почесниот конзул Михајло Филев.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани