Објавен јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз

Општина Охрид објави ЈАВЕН ПОВИК (втора објава) за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид и линиски превоз на патници кој заеднички го организираат општините Охрид и Дебрца.

1.Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти кои обавуваат
линиски превоз на патници во услови на економска криза односно овозможување одржливост на линискиот
превоз преку доделување на субвенции за реализиран превоз на патници за 2024 година, за линиите за кои
согласно првата објава не се изврши субенционирање и тоа за следните линии:
 Охрид – Свињишта – Куратица – Охрид линија 2/1
 Охрид – Ливоишта – Охрид линија 5/1
 Охрид – Елшани – Охрид линија 6/1
 Охрид – Пештани – Охрид линија 7/1 .
1.1 Начинот на доделување на субвенциите и максималниот износ на субвенција која може да се
добие за секоја линија поооделно се дадаени во Правилникот за субвенционирање на општинскиот линиски
превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, како и превозот на патници што заеднички го организираат
Општина Охрид и Општина Дебрца со број 09-2672/1 од 26.02.2025.

Сите детали тука

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани