Саем за кариера – средба меѓу студнетите и компаниите

На Саем за кариера студентите на Универзитетот Свети Апсотол Павле денес имаа прилика да се запознаат со можнсотите кои ги нудат компаниите во ИТ секторот. Со непосредна комуникација  компаниите  ги претстаија своите програми, вработувачки потреби и активности.

Настанот има за цел да обезбеди  можности за пракса, вработување и понатамошен професионален развој на студентите.

-Да ги приближиме студентите со локалните компании од ИТ секторот, да видат какви пракси нудат да се распрашаат за нивниот понатамошен развој. И како да се насочат самите студнети во текот на нивното студирање.-вели Јасмина Андоновска  од Центарот за кариера.

Студентите  велат добиваат добри понуди за вработување, дел планираат да останат во земјава а дел да заминат на дополнителен професионален развој во странство.

-Јас сум студент во трета година на факутлтетот за применета информатички технологии и роботика , да се запишам на овој факултет поттик ми беше тоа што сметам дека има се уште простор за прогрес на овие полиња. Сметам дека имплементирањето на машинската интелегенција во индустриите е се уште во прогрес и ке имаме добра прилика со ваква диплома да најдеме место ан пазарот, вели Евгенија Пулеска студент.

Јас ја одбрав оваа струка затоа што сум голем љубител на рпограмирањето и ументоста ис метам дека заедно тие две грански се многу добри за иднина. Мене ми е повеќе желба да продолжам странство на магистратура, вели Стефан Бошевски студент.

-,Денеска сум тука со цел да дојдам до коенкции и до некој совет од поискусните колеги коис е долго време во опвој сектор.ја избрав оваа струка бидејки од мали нозе сум се зафатил со компјутерите и сум гледал голем потенцијал за работа,  вели  Наум бебекоски студент.

Претставниците на компаниите велат имаат задача да ги убедат младите стручни кадри да останат во земјава.

-Сметам дека вакви иницијативи како Саем за вработување се одлична можност младите да се запознаат со можностите кои компаниите ги нудат во земјава. Сметам дека кадарот кој го имаме моментално може да остане воМакедонија имаме доста работни места кои што бараат се повеќе и повеќе вештини из анења, вели Стефани Неделкова Кузманоска претставник на компаниите.

– Насочени сме кон регрутирање на млад кадар целта ни е да ги задржиме младите тука во Охрид Во поглед на кариерен развој ги оставаме студентите да растат во комапнијата и имаме заеднички бенефит, вели Патар Бушовски претсавник на компании.

Како високoобразовна институција која континуирано придонесува за едуцирање и развој на стручно подготвени ИТ кадри, Универзитетот преку овој настан ја зајакнува соработката меѓу академијата и индустријата.

Новинар  Соња Рилквосњка

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани