Современ ортопедско-трауматолошки апарат за болницата „Св. Еразмо“

Општествено одговорната компанија Mozzart минатата недела донираше современ ортопедско-трауматолошки борер на нашата болница, апарат кој значително ќе го унапреди процесот на лекување и ќе овозможи побрза и поквалитетна здравствена услуга за пациентите.

-Со оваа донација се прави важен чекор напред во подобрувањето на условите за работа, особено во областа на ортопедијата и трауматологијата, каде што новата опрема ќе придонесе за поголема прецизност и ефикасност во интервенциите. Апаратот е од особено значење за здравствената заштита на пациентите од целиот регион и претставува силна поддршка за стручниот медицински тим, велат од болницата.

Од болницата упатија искрена благодарност до компанијата Mozzart за хуманоста и континуираната поддршка, нагласувајќи дека ваквите донации се пример за вистинска грижа за здравјето и добробитта на заедницата, создавајќи позитивна и добротворна приказна во 2025 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани