Охрид започнува селекција на текстилен отпад

Охрид чекори кон почист и одржлив град! Општина Охрид официјално потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со цел воспоставување на ефикасен систем за селекција на отпадот и намалување на неговото влијание врз животната средина.

Наместо да завршува во мешаниот отпад, стариот и непотребен текстил отсега ќе може да се селектира преку специјални контејнери поставени на повеќе локации. Меѓу нив се еден контејнер во рамки на Охрид Мол, контејнери во основните и средните училишта кои се дел од програмата „Училишта без пластика“, како и во рамки на еко акции кои ќе бидат достапни за пошироката јавност.

Селекцијата на текстилниот отпад е важна поради тоа што текстилот е еден од најбрзо растечките видови отпад. Со правилно одвојување се намалува количеството отпад на депониите, дел од материјалот може повторно да се искористи или рециклира, а истовремено се намалува загадувањето на почвата, водите и воздухот.

Отпадот е прашање кое нѐ засега сите – селектирај правилно и придонеси за почист Охрид!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани