Охрид блеска во новогодишно руво, а илјадници сијалички и светлечки реквизити деновиве го красат главниот туристички центар. Празничната декорација му дава посебен сјај на градот и создава топла, магична атмосфера за жителите и посетителите.
Со светлечките украси, Охрид наликува на бајка, а прошетките низ центарот во вечерните часови стануваат вистинско уживање. Празничната атмосфера најавува радосни денови и привлекува бројни туристи кои сакаат да ја почувствуваат новогодишната магија покрај Охридското Езеро.
Уживајте во видеото
ФОТОГАЛЕРИЈА:







