Младиот охридски талент Марко Томоски со прва награда на „Писателски предизвик 2025“

Младиот охридски талент Марко Томоски со прва награда на „Писателски предизвик 2025“ Марко Томоски, ученик од VII-мо одделение во ООУ „Глигор Прличев“ – Охрид, ја освои првата награда на конкурсот „Писателски предизвик 2025“, под мотото „Песна и есеј – гласот против насилството“.

Конкурсот е организиран од Педагошки факултет – Битола, во соработка со МЦГО, и поддржани од Детската фондација „Песталоци“. Иако неговото поле е математика, Марко покажува талент и во литературата. За својот труд во категоријата Основно образование – Расказ, тој беше награден под менторство на наставникот Кире Стојаноски.

На прашањето како се чувствува по добивањето на наградата, Марко изјави: „Многу сум среќен и горд! Ова признание ми покажува дека трудот и интересот за знаење се вредни во секоја област. Ми дава дополнителна мотивација да продолжам да учам и да се надградувам.“

Овој успех е уште еден доказ дека посветеноста и креативноста носат резултати и инспирираат млади таленти ширум земјата.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани