Пуштена во употреба клучката кај Подмољје на автопатот Охрид–Кичево

СВР Охрид ја известува јавноста дека од денеска во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмољје, во општина Дебрца.

Со пуштањето во употреба, воспоставен е нормален сообраќај на релациите Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид. Делницата е ставена во целосна функција и се одвива без дополнителни сообраќајни ограничувања.

Од СВР Охрид апелираат до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак, како и на целата автопатска траса, строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел зачувување и унапредување на сообраќајната безбедност.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани