Во предвечерието на Бадник, во духот на претпразничната радост, Митрополијата во Охрид вечерва беше исполнета со детски гласови и божиќни каланди. Дечињата од бадниковата поворка, со песна и искрена радост, го најавија Рождеството Христово.
Младите музичари настапија пред Митрополитот дебарско-кичевски г.г. Георгиј, кој со топлина и благослов ги пречека, а како знак на внимание и љубов ги даруваше со пригодни подароци.
Средбата помина во духот на христијанската љубов, радост и заедништво, испраќајќи порака за мир, надеж и благослов во пресрет на големиот христијански празник Рождество Христово.
Инаку се е подготвено за Бадниковата поворка која ќе се одржи традиционално утре. Поворката тргнува во 10:30 часот од црквата „Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“.
Традиционално поворката завршува на градскиот плоштад во 12 часот каде што е поставена Божиќната пештера, а дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот Кирил Пецаков и дарувани.







