Екипите на Комуналец на терен по снежните врнежи

По вчерашните снежни врнежи, кои беа поинтензивни во повисоките населени места, дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, заедно со целокупната расположлива механизација, интервенираа во текот на ноќта и рано изутринава со цел да се овозможи безбедно движење на возилата и нормално функционирање во зимски услови.

Со абразивни средства беше интервенирано на повеќе локации, меѓу кои Стар Град, населбата „Гоце Делчев“ – Бараки, како и селата Велестово, Елшани и Горно Коњско.

Од јавното претпријатие информираат дека состојбата се следи и дека екипите ќе интервенираат и понатаму, доколку има потреба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани