Тепачка во охридското село Свињишта

На 21.01.2026 година во 19:20 часот, во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир што се случило на 19.01.2026 година околу 18:00 часот во охридското село Свињишта.

Според пријавата, јавниот ред и мир бил нарушен со тепачка во која учествувале Б.Т. и уште две други лица, при што бил нападнат А.Т. (62). Сите инволвирани лица се жители на истото село.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, а по целосно документирање, против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани