Градоначалникот Пецаков оствари средби со амбасадорите на Турција и Шпанија

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари официјални средби со амбасадорот на Република Турција (Туркије), Н.Е. Фатих Улусој, почесниот конзул во Охрид, Абдураман Бајрактар, како и со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата со турскиот амбасадор и почесниот конзул беа упатени честитки за новиот градоначалнички мандат, при што беше потврдена подготвеноста за продолжување и унапредување на соработката во повеќе области од општественото живеење.

Со амбасадорот на Шпанија, Пецаков разговараше за реализација на значајни инфраструктурни проекти, како и за можностите за зајакнување на соработката во областа на туризмот и културата, кои претставуваат важен сегмент за развојот на Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани