Во четврток шеста седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид ќе ја одржи шестата седница во четврток, 29 јануари 2026 година, со почеток во 9:00 часот, во зградата на Општина Охрид.

На дневен ред се наоѓаат вкупно 35 точки, меѓу кои усвојување на записник од претходна седница, утврдување на просечни цени за градежно и земјоделско земјиште за 2026 година, како и одлуки за зонирање на пазарната вредност на недвижен имот.

Советниците ќе расправаат и за дополнување на програмата за средно образование, проширување на буџетските средства, како и за одлуки поврзани со јавните претпријатија, вклучително и ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.

На седницата ќе се разгледуваат и повеќе точки за именување и разрешување членови во училишни и управни одбори на средните училишта и образовните институции во општината.

Значителен дел од дневниот ред е посветен на донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти на повеќе локации во Охрид и околните населени места, меѓу кои Лескоец, Косел, Оровник, Коњско, Опеница и Лакочереј.

Целиот дневен ред тука

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани