Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на едукативната програма „Полетарче“, наменета за деца на возраст од 3 до 5 години.
Преку игра, забава и дружење, децата ќе ја развиваат самодовербата и ќе стекнуваат вештини важни за полесно и поуспешно извршување на идните училишни задачи. Програмата опфаќа креативни вежби за броење, помнење и концентрација, размислување, графомоторика и фина моторика, осознавање на просторни и временски односи, развој на говор и речник, јазична и математичка писменост, како и социо-емоционални вежби и вежби за одржување на вниманието.
Вежбите се целосно приспособени на возраста на децата и се насочени кон тоа тие да станат свесни за сопствените способности, да не се откажуваат при грешки и да имаат храброст да бидат креативни.
Во рамки на програмата се планирани и теренски работилници, преку кои дечињата ќе се запознаат со спортски содржини, училишното опкружување, како и со основите на безбедно снаоѓање во сообраќајот.
Пролетниот циклус трае три месеци и опфаќа вкупно 12 часови, со една средба неделно во траење од 45 минути.
Заинтересираните родители можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261 909 и 072 246 175, на е-маил ohrid@redcross.org.mk, или директно во просториите на Црвен крст Охрид, почнувајќи од денес, 28 јануари 2026 година, секој работен ден од 8 до 15 часот.
Дополнителни информации за програмата ќе бидат достапни и на Отворениот ден за „Полетарче“, кој ќе се одржи на 31 јануари 2026 година (сабота), од 09 до 10 часот, во просториите на Црвен крст Охрид.
