Струга ќе се претстави на меѓународниот саем „Tourism Fair Albania 2026“ во Тирана

Општина Струга ќе учествува на меѓународниот саем за туризам „Tourism Fair Albania 2026“, кој ќе се одржи на 11 и 12 февруари 2026 година во Тирана, Република Албанија.

Овој саем претставува значајна можност за промоција на туристичките потенцијали, производите и услугите на Општина Струга, како и за воспоставување нови соработки и проширување на пазарот“, информираат од Општина Струга.

Во таа насока, од општината ги повикуваат локалните туристички субјекти и даватели на услуги да се вклучат во промоцијата, преку директно учество на саемот или со доставување промотивни материјали, кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга.

📍 Локација: Тирана, Албанија
📅 Датум: 11–12 февруари 2026 година

Саемот ќе обедини компании, институции и посетители од регионот и пошироко, отворајќи можности за нови партнерства и унапредување на туристичката понуда“, посочуваат од општината.

Рокот за доставување на промотивни материјали е 10 февруари 2026 година, во просториите на Општина Струга – Одделение за туризам.

За повеќе информации и координација, заинтересираните можат да се обратат до Одделението за туризам при Општина Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани