Полициски службеници од СВР Охрид ќе поднесат кривична пријава против Ј.С.(44) од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Како што информираат од полицијата, денеска (01.02.2026) околу 17:00 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, било сопрено патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.
По извршените проверки било констатирано дека возачот управувал возило иако имал впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“.
За настанот бил известен јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против охриѓанецот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик.
