Министерство за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.
Белчишко Блато претставува значајно влажно живеалиште со висока биолошка разновидност, лоцирано на територија на општина Дебрца, кое е од исклучително значење за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови од национално и европско значење. Воденото подрачје веќе е идентификувано како идно Натура 2000 подрачје.
Во рамки на постапката за изработка на предлог-законот, Министерството информира дека се предвидени јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните, кои ќе траат 20 дена од денот на објавувањето на предлог-текстот на веб-страницата на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР.
„Учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население“, информираат од Министерството.
Во текот на постапката, по потреба, може да бидат организирани и директни консултации, состаноци со засегнатите страни, како и јавна расправа.
Забелешките, мислењата и предлозите за предлог-текстот на Законот можат да се достават електронски, преку веб-порталот ЕНЕР, како и на следните електронски адреси:
„Ги охрабруваме сите засегнати страни активно да се вклучат и да придонесат кон заедничката цел – зачувување на природното наследство за сегашните и идните генерации“, порачуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
