Учениците од Угостителското училиште во Охрид повторно имаа можност да ја почувствуваат автентичната атмосфера и вкусовите на француската кујна, подготвувајќи неколку препознатливи гастрономски специјалитети.
Под менторство на шеф Марк, младите готвачи работеа на подготовка на Salade Niçoise, класичната свежа салата од регионот Ница, Hachis Parmentier, традиционално француско јадење налик на мусака, како и познатата карамелизирана торта Tarte Tatin.
Преку практичната настава, учениците се запознаа со основните техники, карактеристичните состојки и кулинарската филозофија на француската гастрономија, збогатувајќи ги своите знаења и вештини во областа на современото готвење.
Активноста се реализираше со поддршка на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје, со што уште еднаш беше истакната важноста на меѓународната соработка во образованието и стручното усовршување на младите.



