Хартијата и картонот може да се рециклираат и до седум пати

Хартијата и картонот можат да се рециклираат и до седум пати, што ги прави едни од најважните материјали кога станува збор за селекција и повторна употреба на отпадот.

Правилната селекција во домаќинствата и во бизнис-секторот овозможува хартијата и картонот повторно да се преработат и од нив да се создадат нови производи. За процесот да биде успешен, хартијата треба да биде чиста, сува и уредно спакувана пред да се одложи во соодветните садови за селекција.

Зошто е важно рециклирањето?

Рециклирањето на хартија и картон:

  • го намалува загадувањето и оптоварувањето на ѓубриштата и депониите

  • придонесува за штедење на енергија

  • ги зачувува природните ресурси

  • го намалува загадувањето на животната средина

  • ја намалува потребата од сечење на дрвја

Со правилна селекција, секој поединец може директно да придонесе за почиста животна средина и поодржлива иднина.

Отпадот е прашање кое нѐ засега сите.
Селектирај правилно!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани