На 18.02.2026 година во 21:00 часот, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле И.Д. (50), Ј.Н. (35) и Ф.Д. (43), сите од Охрид.
Полициската интервенција следела по претходна пријава дека лицата го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, при што Ф.Д. физички го нападнал Б.Д. (21) од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
