На 23 февруари 2026 година во 13:51 часот во СВР Охрид било пријавено дека во помошна просторија од куќа на улицата „Јане Сандански“ во Охрид е пронајдено безживотно тело.
Станува збор за И.А. (75) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото на настанот извршен е увид од полициски екипи и јавен обвинител. По наредба на обвинителството, телото е предадено на обдукција.
Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.
