Се одржа манифестацијата „Спортист на годината“

Спортот бара единство, ведар дух и чиста мисла за да се стигне до голем успех, порача градоначалникот Кирил пецаков, обраќајќи се на манифестацијата „Спортист на годината“.

На свеченоста, синоќа  беше нагласено дека Охрид има сериозен потенцијал кај своите спортски асови, а локалната самоуправа продолжува со значајни вложувања во сите спортски дисциплини – од таеквондо и пливање, до ракомет и веслање.

Како градоначалник, мој приоритет е создавање услови за развој на спортот. Со буџет од над 73 милиони денари и нови проекти, како доедукација на спортски тренери, го подигнуваме нивото на охридскиот спорт на повисоко скалило“, истакна Пецаков.

Наградени најдобрите за 2025 година

Меѓу добитниците на признанија се:

  • Спортист на годината: Владимир Димитриевиќ

  • Екипа на годината: ГРК Охрид

  • Најдобар во водени спортови: Анастасија Цветаноска

Градоначалникот упати честитки до сите 17 наградени, нагласувајќи дека нивните успеси се заедничка гордост на градот.

Горд сум на сите – од младите надежи како Христијан, Теа, Давор и Илија, па сè до нашите легенди како Здравко Тупаре. Ви благодарам за секоја жртва и за секој успех со кој нè правите горди“, порача Пецаков.

Со оваа манифестација уште еднаш беше потврдено дека Охрид гради шампиони и негува силна спортска традиција која се развива со континуирана институционална поддршка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани