„Убавината не е случајна – таа е предизвик“ – ова мото со децении го живее и докажува струшката фризерка Евица Попагиноска.
Со повеќе од три децении посветена работа во мајсторскиот еснаф, Попајноска уште еднаш покажа дека успехот не доаѓа случајно. На престижен настан во Малта, во конкуренција од педесет врвни светски фризери, таа успеа да се пласира меѓу најдобрите четири, потврдувајќи го својот талент и професионализам.
Бројните сертификати и признанија се само дел од нејзината богата кариера. Таа е една од ретките фризерки во земјава со завршено соодветно средно образование и долгогодишно искуство стекнато кај врвни мајстори.
„Ова за мене претставува голем подвиг во моето тридецениско работење како фризер. Видовме многу, но ни случајно не очекував дека ќе го достигнам врвот“, скромно коментира Попагиноска.
Во своето студио „Ева Марија“ во Струга, овие денови особено актуелен е кератинскиот третман, кој таа вешто го применува со врвни производи од реномирана француска компанија. Станува збор за третман со природен кератин кој ги исполнува влакната на косата и обезбедува заштита од природни, фарбани и третирани оштетувања.
„Прв пат работам со производи од реномирана француска компанија. Станува збор за нанесување и полнење на влакното со природен кератин кој го штити секој прамен. Цените зависат од должината на косата, а шампонот и маската со соодветен кератин се добиваат гратис“, нагласува таа.
Доколку се двоумите дали кератинскиот третман е вистинскиот избор за вас, доволно е да ги погледнете редовните објави на фризерско-козметичкото студио „Ева Марија“ – резултатите зборуваат сами за себе.


