Ахмед Сулејман – државен првак по математика под менторство на проф. Александра Томоска

Ахмед Сулејман – државен првак по математика од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф. Александра Томоска

Голем успех за ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид на Државниот натпревар по математика, кој се одржа минатата сабота на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ученикот Ахмед Сулејман од II-2 го освои првото место, постигнувајќи максимални 100 поени, под менторство на професорката Александра Томоска. Со овој извонреден резултат Ахмед се истакна како најдобар натпреварувач на државно ниво и донесе големо признание за училиштето.

Овој успех е резултат на посветена работа, труд и љубов кон математиката.

На Ахмед му посакуваме многу успех и одлични резултати на претстојната Математичка олимпијада.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани