„Има помош, за живот без насилство“ е новата проектна активност што ја реализира СВР Охрид на целото подрачје што го покрива.
Станува збор за превентивно-едукативен проект кој се спроведува преку понагласени и поинтензивни контакти на полициските службеници од Отсекот за превенција со граѓаните.
Целта на активноста е граѓаните поблиску да се информираат за почетните форми и манифестации на семејното и родово базираното насилство, како и за механизмите за рано пријавување и навремено интервенирање со цел заштита на ранливите категории.
Со проектот се настојува и да се подигне јавната свест за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство, но и да се зајакне довербата во полицијата како институција која собира информации и постапува за ефективна заштита на жртвите.
Во рамки на активностите, на граѓаните им беа поделени и едукативни материјали со пригодни совети од правен и превентивен карактер.


