На 13.03.2026 година во 23.35 часот, на регионалниот пат Струга – Подмољје, лишен од слобода е 16-годишен малолетник од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, при што било констатирано дека немал остварено право за управување, односно немал положено возачки испит.
По налог на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
