Тешка сообраќајка на патот Подмоље–Охрид,четворица повредени

На 15.03.2026 година во 20:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље–Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Алфа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.К. (63) од охридското село Велгошти и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (35) од Охрид.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Н.К., сопатничка во возилото „Алфа“. Со телесни повреди се здобиле и двајцата возачи, како и Н.И. од Охрид, сопатник во возилото „Ауди“.

Повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани