На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршиле службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, по претходна пријава за семејно насилство.
Според пријавата, околу 13:30 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал својата 27-годишна вонбрачна партнерка.
По целосно документирање на случајот, од полицијата информираат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.
