Започна асфалтирање на главната патека во градските гробишта во Охрид

Денес започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Активностите се дел од проект за реконструкција на асфалтните пристапни патеки, со кој Општина Охрид аплицирала на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа.

Претходно, со средства на Општината, екипи на ЈП „Нискоградба“ извршиле поставување на комплетно нова атмосферска канализација долж главната пристапна патека.

Активностите за уредување на асфалтните патеки во градските гробишта ќе продолжат и во наредниот период.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани