Започна реконструкција на дел од „Партизанска“ во Охридати

Започнаа градежните активности за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ во населбата Охридати.

Од општината информираат дека станува збор за зафат кој има за цел подобрување на инфраструктурата и условите за движење во овој дел од градот.

Надлежните апелираат до жителите да бидат внимателни при сообраќање и движење во зоната каде што се изведуваат работите, како и да ги паркираат возилата исклучиво на приватен простор, надвор од јавната површина предвидена за реконструкција.

Изведувач на градежните активности е ИНТ „Глобл Инженеринг“ од Битола.

Активностите ќе се одвиваат во наредниот период, со цел навремена реализација на проектот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани