Во мултикултурниот центар во Вевчани синоќа се одржа Годишното собрание на КУД „Дримкол“, на кое беа разгледани и усвоени резултатите од работењето во изминатата година, како и програмата за работа за 2026 година.
КУД „Дримкол“ важи за еден од препознатливите чувари на традицијата и културното наследство во Вевчани, со долгогодишна посветеност во негувањето на фолклорот.
Транспарентноста и отчетноста меѓу членовите беа посочени како клучен фактор за успешна работа и заеднички напредок на здружението.
На собранието беа презентирани постигнатите резултати и активности, при што членовите ја потврдија својата посветеност за понатамошен развој и унапредување на културното творештво.


