Црвен крст Охрид продолжува со активности за подигање на свеста и подготвеноста за делување во услови на несреќи, елементарни непогоди и катастрофи, како кај институциите, така и кај граѓаните.
Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, се спроведуваат увежбувања за примена на оперативните планови за заштита и спасување, како и плановите за евакуација во образовните установи.
Во таа насока, утре (31.03.2026) во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување, според соодветно сценарио за случена несреќа.
Во вежбата ќе учествуваат тимови од надлежните институции, кои ќе демонстрираат координирано, навремено и ефикасно делување во вакви ситуации.
Почетокот на вежбата е закажан за 11:30 часот.
Фото Илустрација
