Во среда без вода поголем дел од Охрид

Граѓаните на Општина Охрид од утре вечер  ќе се соочат со намален притисок на водата, а во среда поголем дел од градот ќе остане без водоснабдување поради зафати на водоводната мрежа.

Според известувањето, поради реконструкција во пумпната станица „Метропол“ и празнење на главниот доводен цевковод со профил Ф 711 мм, во вторник (31.03.2026) по 22 часот ќе има намален притисок во целиот град и околните населени места.

Во среда (01.04.2026), од раните утрински часови, без вода ќе биде поголемиот дел од Охрид и околината, сè до завршување на предвидените активности.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да се подготват и да обезбедат доволни количини вода за основни потреби.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани