Охрид, 5 април – Две малолетни деца биле физички нападнати од други малолетници на улицата „1-ва МУБ“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Според пријавата, на 04.04.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Охрид, З.С. (50) и С.С. (41), двајцата од Охрид, пријавиле дека претходниот ден, односно на 03.04.2026 околу 19:00 часот, нивните две малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
