„Општински семафор 2026“ – едукативен настан за безбедност во сообраќајот во Охрид

Во Охрид на 16 и 17 април ќе се одржи манифестацијата „Општински семафор 2026“, настан посветен на едукација и подигање на свеста за безбедноста во сообраќајот кај децата и младите.

Настанот е во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво, а ќе се реализира на улицата „Кеј Македонија“.

Програмата започнува на 16 април, кога ќе се одржи регистрација и теоретско тестирање на ученици од основните училишта.

Главните активности продолжуваат на 17 април од 09:00 часот, со пријавување на екипи од основните училишта, по што ќе следуваат:

  • полигон за основци
  • театарска претстава за деца „Чувари на улицата“
  • симулациска показна вежба за прва помош
  • квиз за знаење за средношколци
  • полигон за средношколци

Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 13:00 часот, по што ќе следуваат обраќања и доделување награди за најдобрите литературни и ликовни творби, како и за победниците од натпреварите.

Настанот ќе заврши во 14:00 часот.

Организаторите упатуваат покана до сите заинтересирани да присуствуваат и да дадат поддршка на активностите насочени кон создавање побезбедна сообраќајна култура кај младите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани