Приведен охриѓанец поради агресивно однесување под дејство на алкохол

На 07.04.2026 во 16:50 часот на ул. „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле И.Р.(47) од Охрид, откако агресивно се однесувал и упатувал закани кон минувачите.

По извршените проверки, било утврдено дека лицето е под дејство на алкохол, при што измерени се 2,38 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани