Се изработуваа Велигденски честитки

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со Почесниотконзулат на Руската федерација во Охрид ја организираше традиционалната креативна работилница за изработка на Велигденски честитки.

Годинава наши домаќини беа учениците и наставничката Виолета Петкоска од ООУ „Кочо Рацин“

Елена Обухова од почесниот конзулат на учениците им објасни како се слави Велигден и обичаите во нејзината родна Русија.

Учениците заедно со нашите колеги: Елизабета Бојчевска, Никола Ристовски, Весна Симоноска и Даниела Ристеска заедно изработија честитки од различни материјали.

Честитките се веќе кај нас, Сите се создадени со љубов и намените за читателите од нашата Библиотека. Денес и утре ќе им бидат споделувани на пултот за зајмување книги.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани