На 17 април 2026 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Општина Охрид (сала на Совет), ќе се одржи информативната сесија „ФЕР АНГАЖМАН”, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица.
Настанот се реализира во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“, како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој го спроведуваат Центар за истражување и креирање политики и Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), во соработка со Министерство за економија и труд и Агенција за вработување.
Целта на сесијата е да обезбеди јасни и практични информации за примената на Законот за работно ангажирање на лица, како и да ги приближи придобивките што ги нуди за работниците и работодавачите.
Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, како и функционирањето на електронскиот систем за пријава и одјава – е-Работа.
