Охриѓанец уапсен за изнуда – барал 50.000 евра за наплата на долг

На 15.04.2026 година во 13:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода О.С. (61) од Охрид, постапувајќи по пријава од 43-годишен охриѓанец.

Според пријавата, осомничениот, со цел да наплати долг од лице кое на неговиот татко му должело поголема сума пари, го изнудувал пријавителот да му исплати 50.000 евра за да го реализира наплатувањето.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани