На 19.04.2026 година во 09:18 часот во СВР Охрид, А.К. (19) од Охрид пријавил дека неговата мајка Д.К. (45), глувонемо лице, на 17.04.2026 година со автобус заминала за Скопје, но не се вратила дома.
Според пријавата, семејството се обидело да стапи во контакт со неа, но нејзиниот телефон бил недостапен. На 19.04.2026 во 08:20 часот таа накратко се јавила, по што веднаш се изгубил контактот и повторно не можеле да ја добијат.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
